AroundMaps Logo
Search
Add Listing

ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип

0

About ООУ „Браќа Миладиновци“- Пробиштип

Основното училиште "Браќа Миладиновци" се наоѓа во Пробиштип, општина - Пробиштип.

Tags

Map

Item Reviews - 15

Anynomous

"

Англиски центар-Скопје ни донираше 148 книги (дополнителна литература) за почетно изучување на англискиот јазик. Книгите се наменети за учениците од 3-5 одделение и ќе го збогатат фондот на книги во англиската библиотека, а воедно ќе бидат добар почеток во формирањето на библиотеки со литература на англиски јазик и во подрачните училишта. Им благодариме!

"

14 February 2023

Anynomous

"

Англиската библиотека при нашето училиште,сместена на вториот кат, е отворена секоја среда и четврток! Располага со над 250 книги на англиски јазик поделени по тежински нивоа. Бидете дел од клубот на читатели! За најпосветените читатели следува награда!

"

27 January 2023

Anynomous

"

Активности по повод новогодишните празници: - 25.12.2018 - новогодишен концерт на учениците од нижото музичко училиште; -26.12.2018- новогодишна приредба во подрачното училиште во населба Пробиштип; -27.12.2018-новогодишна приредба во ПОУ"Кирил и Методиј" во Злетово; - турнир во пинг-понг (во машка и женска конкуренција) во ПОУ"Кирил и Методиј" Злетово;... - ученичката заедница организираше избор на најубаво украсена училница ( победници IIIб, VIв, I1 одделение); -28.12.2018 - учениците од паралелката за деца со посебни образовни потреби беа во посета на градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Драган Анастасов ; Учениците и вработените од нашето училиште Ви посакуваат Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

See More "

30 December 2023

Anynomous

"

Во текот на оваа седмица, во соработка со помошник командирот за јавен ред и мир и превенција Наташа К.Ангелова, за учениците од петто и шесто одделение се спроведуваат предавања за штетноста и последиците од употребата на пиротехнички средства.

"

18 December 2023

Anynomous

"

Дел од активностите од проектот Врсничко насилство беше и креирање на видео порака против врсничкото насилство. Учениците од осмо одделение Ви порачуваат СТОП за врсничкото насилство!

"

16 December 2023

Anynomous

"

Во согласност со Програмата за здравствена заштита на учениците,ООУ"Браќа Миладиновци" во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст-Пробиштип во текот на оваа седмица организираше предавања на тема "Борба против зависностите" за учениците од шесто и седмо одделение во централното училиште и учениците од шесто до деветто одделение во ПОУ"Кирил и Методиј" во Злетово. Врсничките едукатори на учениците им укажаа на штетните последици од употребата на алкохол, дрога и цигари.

"

07 December 2023

Anynomous

"

Како активност од програмата за хуманитарна работа и програмата за соработка со институции од локалната средина и невладиниот сектор, нашето училиште беше посетено од нашата сограѓанка Тања Јовановска Каркалашева, автор на книгата „Записи на ќерката на орелот“. Целта на посетата беше парите од првиот тираж на книгата да ги намени за децата со посебни потреби, кои ги изненади со подароци, а за училницата донираше новогодишна елка и лампиони.

"

07 December 2023

Anynomous

"

Ученици од нашето училиште заедно со своите ментори зедоа учество на манифестацијата „Ноември – месец на науката“ која има за цел популаризација на природните науки, а е во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном...ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет(ПМФ). На натпреварите организирани како дел од програмата на манифестацијата се постигнати следниве резултати: Натпревар Физика: II – награда Анастасија Василева IX одд. Ментор- Ратка Стојановска Натпревар Природни науки: III – награда Лука Пашовски V одд Анастасија Коцева V одд Ментор - Александар Михајловски Натпревар Природни науки: III – награда Дејана Василева IV одд Леона Радованова IV одд Ментор - Маја М. Поцева Натпревар Хемија: II- награда Христина Митрева- VIII одд. Ментор- Драгица Терзиќ Натпревар Биологија: II награда Дарио Добревски IX одд Ева Саздова IX одд Ментор - Александар Михајловски Натпревар Биологија: I- награда Ангела Петрова VII одд Невена Кимова VII одд. Ментор- Силва Зафировска Честитки за учениците и менторите!

See More "

18 November 2023

Anynomous

"

Активност на час по англиски јазик во трето одделение

"

23 May 2023

Anynomous

"

Успешно претставување на тимот од ООУ"Браќа Миладиновци" Пробиштип, ПУ Злетово на финалето на Предизвикот за млади истражувачи во организација на МОН и Фондот за иновации на РМ.

"

16 May 2023

Anynomous

"

Нашето училиште е дел од проектот „Триаголници на соработка“, чиј носител е здружението Буден театар, а истиот е финансиран од Амбасадата на Швајцарија. Во рамките на проектот ќе бидат организирани низа на креативни работилници со учениците од подрачното училиште во Злетово. Во понеделникот (23.04.2018) беше одржана работилница со учениците од прво одделение и учениците од паралелката за деца со посебни образовни потреби.

"

24 April 2023

Anynomous

"

Денес започнавме со одбележувањето на патрониот празник на нашето училиште. Ги прогласивме победниците на литературниот и ликовниот конкурс. Литературен конкурс: 1место-Христијан Петрушевски 2 место-Димитриј Давитков 2 место-Дарио Добревски... 3 место -Стефанија Ангеловска Ликовен конкурс: 1 место-Викторија Сандева 2 место -Марија Миркова 3 место- Јована Стоевска Ве покануваме утре 21.03.2018 год. да ги проследите следните наши активности: 10:30 -спортски натпревар 18:00- приредба (спортска сала Софија Петровска)

See More "

20 March 2023

Anynomous

"

ООУ"Браќа Миладиновци"-Пробиштип утре 01.03.2018 ќе биде домаќин на Државните спортски игри во одбојка за ученици од основните училишта (машки). Свеченото отворање е со почеток во 10:30 часот во спортската сала Софија Петровска. Повелете заедно да ги бодриме нашите ученици.

"

28 February 2023

Anynomous

"

За учениците од четврто одделение се реализираше предавање на тема "Хигиена и здравје" од страна на прим. д-р Зоран Стојановски спец. епидемиолог.

"

20 February 2023

Anynomous

"

Активности во нашето училиште по повод доаѓањето на Нова Година: - сите ученици се вклучија во украсување на своите училници,а потоа претставници од ученичката заедница избраа најубаво украсена училница во категорија 1-5 и 6-9 одделение; - во ПОУ"Кирил и Методиј"-Злетово беше организиран турнир во пинг понг во машка и женска категорија; - во ПОУ"Кирил и Методиј"-Злетово беше организирана свечена приредба на која преку игра и песна го пречекавме Дедо Мраз; - во подрачното учил...иште во населба Пробиштип исто така беше организирана приредба по повод престојните празници. Среќни новогодишни и божиќни празници!

See More "

03 January 2023

Add Reviews & Rate item

Your rating for this listing :

Help Us to Improve :

Location / Contacts :