AroundMaps Logo
Search
Add Listing

Физика на тагата - театарска претстава

0

About Физика на тагата - театарска претстава

Експеримент. Неистражен терен. Пионери во обидот да се најде врска меѓу физиката и тагата. Седум физичари ја мерат тагата.

Tags

Map

Item Reviews - 12

Anynomous

"

🎈🎄🎈 Ви посакуваме незаборавна новогодишна вечер, а ве очекуваме на првата изведба на "Физика на тагата" во новата година, закажана на 11.јануари од 19.30 часот!🎄🎈🎄

"

30 December 2023

Anynomous

"

🔊 Хравтско радио за преставата "Физика на тагата"! Прилогот почнува од 27.минута, благодарност до @elena angelovska! 🙂

"

04 November 2023

Anynomous

"

Тркалезните маси, некогаш, биле редовна пракса во театрите на овие простори.

Веруваме дека треба повторно да се актуелизираат, па затоа, ви најавуваме Тркалезна маса со нашата екипа по завршувањето на претставата! 🎙 Претставата трае 60 минути.

...

Се гледаме вечер во 22.00 часот, во KINO Kultura!

See More "

05 October 2023

Anynomous

"

📣Со нетрпение очекувавме да ја споделиме со Вас веста за ГОСТУВАЊЕТО на претстава „Физика на тагата“ во СКОПЈЕ, како дел од програмата на „Бела ноќ 2018“ . 🗓️6-ти октомври во 🕙22ч. во KINO Kultura🎇 . Претставата трае 60 минути. 🌠

"

30 September 2023

Anynomous

"

Додека ги одбројуваме деновите до следната изведба на претставата, се потсетуваме на „емпатијата-одамна заборавениот закон на природата“ (Физика на тагата)

Емпатија (едн.) емпатијата Вид збор: Именка, женски род... Спремност и способност да се сочувствува со други луѓе. Англиски: empathy Употреба: Книжевен збор Примери: Гледаат тапо во вас без да предизвикаат реактивна емпатија на благост и невиност. Слично со: сочувство (ср.) Изведенки емпатичен прид. емпатичниот сочувствителен 1. Капацитетот да се разбере, да се биде свесен за, да се биде чувствителен за, вистински да се доживеат чувствата, мислите и искуствата на другите, во минатото или сегашноста, без претходно лично да бидат искусени истите чувства, мисли, доживувања 2. Имагинативна проекција на субјективната состојба во предмет, така што предметот се чини како да е исполнет со него

See More "

29 July 2023

Anynomous

"

Георги Господинов напиша краток текст со осврт кон претставата. Душко Крстевски го преведе на македонски. Особена чест ни е да го споделиме со вас!

"Знам колку е тешко и ризично да се постави на сцена „Физика на тагата“, роман што е изграден како лавиринт, не во пространството, туку поскоро во времето.

...

Потребна е огромна доза храброст и за таа храброст ќе им се заблагодарам најпрво на режисерот, драматургот и актерите. Претставата го пронајде својот клуч кон темата – физичари што ги пресметуваат параметрите на тагата низ приказните во „Физика на тагата“. Книгата од која изникна оваа претстава е и објект внатре во неа, буквално физички објект. Овој физички пристап кон книгата и кон тагата е доста смел и интересен. Има ли тагата боја, мирис, маса, својства... Може ли да биде дефинирана? Дали таа се наоѓа во самиот објект, дали е дел од она што го набљудуваме или поскоро живее во окото на оној што набљудува? Всушност, претставата ги истражува овие сериозни прашања. Според тоа, ова е театар-лабораторија, работилница. И, се разбира, конечното спознание вели дека само низ личните приказни, што раѓаат емпатија можеме да ја спознаеме тагата. Или поточно, низ личното спознание на тагата можеме да почувствуваме емпатија и разбирање кон другиот.

Милош Б. Андоновски направи претстава што не се плаши да влезе во различните форми на жанрот. Најубавото нешто во оваа претстава е дека таа не се плаши да зборува со восхит за нештата од животот. Восхитот со кој актерите влегуваат во различните приказни може дури и физички да се почувствува. Претстава за минотаурите во нас што чекаат да бидат раскажани."

*Истиов текст можете да го најдете како статија на окно.мк

#физиканатагата #георгигосподинов #театаркуманово

See More "

17 July 2023

Anynomous

"

"Оној кој ја гледал 'Физика на тагата' (...) во Театар Куманово, повторно верува во македонскиот театар."

Вториот текст со осврт на нашата претставата е од Кристина Леловац, актерка и доцент по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

"

10 July 2023

Anynomous

"

Вечерва е последната изведба на претставата „Физика на тагата“ за оваа сезона. Следете не' на оваа страница за содржини поврзани со претставата. Физичарите нема да престанат со експериментите за лоцирање и мерење на првобитната тага. Ви благодариме за големиот интерес и Ве очекуваме во септември. Ви посакуваме убаво лето со среќниот сон на Минотаурот: „Се родив како Минотаур...Сонувам дека сум убав. Не навистина убав, туку незабележлив. Како другите. Да си како другите значи да си убав. Главата ми е лесна. Очите ми се од предната страна на лицето. Имам нос, а не ноздри. Имам човечка кожа, тенка човечка кожа. Одам по улица и никој не ме забележува. Среќа е никој да не те забележи. Сонот е среќен.“

"

08 July 2023

Anynomous

"

Се обидуваме да го вратиме концептот на Тркалезната маса во пракса! :) Добро напредуваме за сега, вчерашната дискусија траеше речиси еден час.

Тркалезната маса е можност за доближување на театарот и публиката преку разговор за изгледаната изведба со актерите, режисерот и соработниците на претставата.

Се надеваме дека театарот од Куманово ќе биде пример за останатите театарски куќи од земјава. <3

"

07 July 2023

Anynomous

"

Ви споделуваме дел од отворениот разговор со екипата на претставата и авторот на романот „Физика на тагата“ Георги Господинов. Ова е прва од серијата отворени дискусии со публиката и авторските тимови на претставите кои ги играме на репертоарот. Му благодариме на Милош Б. Андоновски што ја организираше почетната и се надеваме дека ќе стане вообичаена практика кај нас. Целта ни е да ја приближиме публиката повеќе до нас, но и да ја преиспитаме нашата одговорност во однос на он...а што го презентираме. Ви благодариме на соработката, Театар Куманово . . . . .

*се извинуваме за квалитетот на аматерското видео снимено со мобилен телефон. 🙂

See More "

06 July 2023

Anynomous

"

Гостинот ни пристигна! 😍 Се гледаме вечер на премиера!

Утрешната реприза е распродадена, резервирајте си карта за репризите на 8. и 9. јули. 😉

"

06 July 2023

Anynomous

"

Прочитајте го интервјуто со режисерот на претставата!

Во меѓувреме, резервирајте си билет за некоја од изведбите на 7. 8. или 9. јули! 🙂

"

04 July 2023

Add Reviews & Rate item

Your rating for this listing :

Help Us to Improve :