AroundMaps Logo
Search
Add Listing
Description

Претпријатието КУДЕ МИЦЕТА започна со својата работа на 14-ти Март 1992 год со драгстор од 25 метри квадратни. И покрај скромните почетоци денеска КУДЕ МИЦЕТА е едена од поуспешните трговски приказни во Куманово со повеќе од 20 вработени. Нашата основна мисија е континуирано да ја подобруваме услугата и да го максимизираме задоволството кај сите наши потрошувачи.
На почетокот нашите основачи Жаклина и Владимир Стојковски го превземаа првиот чекор за оформување на една стабилна копанија која што ја имаме денеска. Како и сите почетоци и нашиот беше исполнет со предизвици кои моравме да ги надминеме за да дојдеме до саканата цел. Продажбата на тогаш нивната семејна куќа беше една од жртвите кои тие мораа да ја поднесат со цел да обезбедат сретства за набавка на производи за малиот драгстор. И покрај ризикот кој го превземаа, со целодневна работа нашите ценети оснивачи успеаа да постават цврсти темели врз кои се градеше иднината на оваа приказна.
Денеска КУДЕ МИЦЕТА функционира на 2 локации во Куманово со околу 20 вработени. КУДЕ МИЦЕТА денеска е лидер во категоријата на мали маркети во прехрамбената индустрија во Куманово. Меѓу нашите приоритетни цели е исто така активна партиципација во подржување на граѓанските зафати кои имаат за цел да го подобрат стандардот на живеење во нашата општина. Од неодма е ставена во функција и печењара за јагнешко, прасечко и јарешко.

Map

Add Reviews & Rate item

Your rating for this listing :

Help Us to Improve :

Location / Contacts :