About Фурна Бит Пазар
Фурна за производство на бели пецива
Tags
Фурна Бит Пазар е најстарата и единствена фурна во Скопје, која сė уште работи на традиционален начин на печење, со голема фурна на дрва. Фурната датира од пред 150 години . Од тогаш, до денешен ден, фурната го има задржано истиот традиционален начин на работа .
Специјалитетот на фурната е познатата Симит-погача која е познат скопски специјалитет, еден од ретките деликатеси што се прави и продава речиси исклучиво во Скопје. Тајната на симитот е наутот ( мајата ) кој се става во тестото, а такво лепче може да се најде во фурната . Начинот на правење на симитот е дел од семејното наследство, кој останал непроменет повеќе од еден век, пренесен од познатиот чичко Иле, кој е легенда во скопската чаршија.
Фурната е уште позната и по варените гевреци и наутлиите ( лепче со маја ) , бурек, пита, банички, солени и благи кифли.
Anynomous
"
На сите пријатели од муслиманска вероисповест им го честитаме Рамазан Бајрам и им посакуваме многу здравје и среќа.GEZUAR FITER BAJRAMIN! BAJRAM SERIF MUBAREK OLSUN!
" 14 June 2023Anynomous
"
Домашни млечни кифли
" 20 April 2023