AroundMaps Logo
Search
Add Listing

About Bilna Apteka

Чаевите кои ги има во Билна аптека се исклучиво составени од растенија кои современата медицина ги потврдува како лековити.

Tags

Description

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои произлегуваат од неа. Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити. Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.

Map

Item Reviews - 8

Anynomous

"

Sattwa кремот против брчки е одличен за интензивна нега во пределот околу очите, како и на други места критични за создавање брчки (врат и деколте). Миксот на витамините А и Е, маслото од авокадо и специјално избраните емолиенти, позитивно дејствуваат и се дерматолошки благопријатни за кожата и очите.

"

25 August 2023

Anynomous

"

Чајот од аронија и вишна е полн погодок за љубителите на овошни ледени чаеви. Со својот специфичен вкус е извонредно вкусен и освежителен напиток. Во моментов доколку го купите истиот кај нас во Билната аптека, добивате гратис чај од Лимонова трева со кајсија.

"

21 August 2023

Anynomous

"

Капсулите Женшен се препорачуваат за: - подобрување на одбранбената активност на организмот; - подобрување на издржливоста на организмот при потешка умствена и физичка работа; - ублажување на стресни состојби; - подобрување на работната способност и на концентрацијата;... - подобрување на општата состојба на организмот; - подобрување на спортската активност. Моментално доколку купите едно пакување од капсулите во Билната аптека добивате уште едно пакување како подарок.

See More "

17 August 2023

Anynomous

"

За хигиена и за нега на мрсна и на проблематична кожа тука е Young Derm сапунот кој длабински ја отстранува нечистотијата и мрснотијата од кожата, а во исто време го одржува липидниот заштитен слој на кожата.

"

13 August 2023

Anynomous

"

Прекрасните ноти на претпознатливиот Лола парфем спреј ќе направат да се чувствувате прекрасно. Моментално на -25% попуст.

"

07 August 2023

Anynomous

"

Билна едукација

"

03 August 2023

Anynomous

"

За намалувње на зголемениот крвен притисок, за намалување на едеми, за смирување на состојби на вознемиреност кои предизвикуваат зголемување на крвниот притисок, за подобрување на работата на срцето, Ви го препорачуваме Имелглог микс. Се препорачува да се пие неколку пати на ден, пред оброк.

"

30 July 2023

Anynomous

"

Најважен минерал кој го содржи морската сол е јодот кој се додадва за да се спречи појавата на гушавост. Јодот придонесува за нормална функција на нервниот систем, нормална когнитивна функција, нормален енергетски метаболизам, за нормална функција на тироидната жлезда и за продукција на тироидните хормони и најважно е што придонесува за развојот на децата.

"

24 July 2023

Add Reviews & Rate item

Your rating for this listing :

Help Us to Improve :

Working Hours :

  • Monday 07:00 - 20:00
  • Tuesday 07:00 - 20:00
  • Wednesday 07:00 - 20:00
  • Thursday 07:00 - 20:00
  • Friday 07:00 - 20:00
  • Saturday 07:00 - 14:00
  • Sunday -

Location / Contacts :